Овој зачин го сметаат како природен антибиотик
Наскоро ќе поминат 5 месеци откако започнав да консумирам куркума. Затоа, решив да напишам како овој зачин влијае на моето тело.
Куркумата е навистина здрав зачин. Исто така, се нарекува природен антибиотик. На пример, во Индија се користи токму како антибиотик.
Веќе има многу статии и видеа на Интернет дека е корисно да се пие вода со куркума. Но, не најдов ниту едно видео или статија во која една личност пие 5 месеци секое утро вода со куркукма и кадешто го споделува нивниот резултат. Подготвена сум да го направам тоа за вас, драги мои читатели. Се надевам дека овие информации ќе ви бидат корисни, пишува Теа блогерка на блок за здравје во Украина.
„Забележав дека имам многу енергија. Не знаев од каде ми доаѓа таа енергија. Можеби куркумата го има оваа својство – ја зајакнува енергијата во организмот.
Се сеќавам дека читав дека таков пијалок куркума и вода го подобрува видот.
Не почувствував нешто слично. Верувам дека специјалните вежби за очи го подобруваат видот, па дури и ова е неопходно да се извршуваат секојдневно.
Исто така, многу е напишано за фактот дека вода со куркума помага да се изгуби тежина. Не го чувствував тоа на себе.
Не можам да кажам со сигурност дали е до куркумата, но ноктите ми станаа поцврсти. И не само на нозете, туку и на рацете„, споделува Теа и се надева дека нејзиното искуство и нејзината искреност ќе помогнат некому.