Зимската диета треба да биде збогатена со витамини и минерали за да се компензира тој недостиг во организмот за време на студената сезона. Млечните производи се идеални за таа цел, во комбинација со овошје, зеленчук и риба.
Ви нудиме две опции со пример мени од зимската млечна диета. Може да ги менувате секој ден или на недела дена. Зимската млечна диета се држи 2 недели.
Зимска млечна диета – пример мени
Опција 1
Појадок: 1 чаша кафе со млеко или чај, 1 омлет од јајца и сирење, 1 парче пченкарен леб
Ужинка: 1 чашка кисело млеко
Ручек: 1 пилешка супа, 1 салата од кисела зелка зачинета со црвен пипер и малку масло, 100 г варен морков
Ужинка: 1 јаболко
Вечера: 150 г печена риба, 1 печен компир
Пред спиење: 1 чашка кисело млеко или млеко
Опција 2
Појадок: 1 чаша кафе со млеко или чај, 1 варено јајце, 1 парче пченкарен леб намачкан со урда
Ужинка: 1 јаболко
Ручек: 1 порција крем супа од печурки, 150 гр динстано пилешко месо со салата од кисела зелка
Ужинка: 1 парче кашкавал
Вечера: 200 г варен зеленчук
Пред спиење: 1 чаша кисело млеко или млеко