На 31 јануари се обележува Националниот ден без чад од тутун. Приказните на луѓето кои ги оставиле цигарите се секогаш добра инспирација да прекинете со ужасната навика. Овој пат сепак решивме да го повториме тескстот кој предизвика бројни коментари и е еден од најчитаните во светот. Ако сте пушач, добро погледнете ги фотографиите и прочитајте го текстот.
Секој пушач знае колку е штетно и опасно тоа што го прави. Сепак, ги потиснувате тие информации додека не видите црно на бело. После овие фотографии тешко дека и најголемите зависници ќе останат имуни.
Лекарите во кинеската болница Wuxi People’s после смртта на 52-годишен пациент во склад со неговата желба, започнале со експлантација на органи кои некому би можеле да спасат живот.
Причината за смртта на анонимниот маж е престанок на работата на белите дробови, а кога лекарите ги извадиле, им било јасно зошто. Снимката од вадењето ја погледнале скоро 30 милиони луѓе, а впечатоците се дека ова е најдобра антипушачка кампања.
Професорот Петар Опеншо од Националниот институт за срце и бели дробови вели дека овој пациен веројатно пател од белодробен емфизем.
Станува збор за болест кој води до воспаление на органите, белите дробови губат еластицитет па со тоа воздушните простори се зголемуваат и го отежнуваат дишењето. Пациентите често се задишани и кашлаат, а сето тоа е последица на долгогодишно пушење.
Опеншо објаснил дека лекарите веројатно пред операцијата ги напумпале белите дробови со воздух или течност, па изгледаат поголеми.