Не секогаш е лесно да најдете вистинска инспирација која веднаш ќе ве натера “да се фрлите“ на тренинг, но сите знаеме дека сега е вистинско време за тоа.

Мускулите и губењето килограми е невозможно да се направат за еден месец, пред да заминете на летување или пред некој важен настан.

Затоа почнете навреме. Можеби во тоа ќе ви помогне некоја од вашите омилени ѕвезди и токму таа ќе ви даде инспирација за новиот тренинг кој ќе го пробате оваа година.

Моделите како Адријана Лима и Кејт Аптон нѝ покажаа дека сакаат боречки вештини, додека актерката Кејт Хадсон своите фанови и следачи на социјалните мрежи често ги запознава со предностите на пилатесот со кој се занимава долго низ годините.

Бритни Спирс сака да се пофали со Акро јога, додека Елса Патакл сака да практикува вежби кои ги прави заедно со сопругот Крис Хемсворт. За тоа колку латино дивата Џенифер Лопез сака да тренира, сувишно е да се зборува.

Ни машкиот дел од славната фитнес екипа не изостанува. Хју Џекмен им дал домашна задача на многу славни фраери кои имаат над 50 години. Доволно е да погледнете како изгледа во филмот „Logan“, за да ви биде јасно за што зборуваме. Оваа листа никако не може да помине без Зек Ефрон кој обожува да поминува време во теретана, но и Џејсон Момоа кој гаи огромна страст кон спортското искачување.

Затоа, „фрлете поглед“ на профилите на овие познати девојки и фраери и “зачленете се во екипата“. Време е за тренинг!