Сигурно многу пати сте чуле дека зеленчукот и овошјето се најдобра храна за вашиот организам. Меѓутоа ретко кој од нас одлучува да се храни здраво. За таа цел ќе ви предложиме еден сок кој е познат како чудотворен пијалок, а се прави од овошје и зеленчук. Погледнете ја рецептата, и пробајте да го употребите уште денеска.

Што се добива кога заедно ќе ги измешате сокот од цвекло, морков и јаболко?

Се добива многу моќен и лековит напиток кој се стекна со светска слава поради своите неверојатно позитивни ефекти врз здравјето. За првпат започнал да се употребува во традиционалната кинеска медицина за лекување на рак на бели дробови и други болести.

Овој едноставен напиток своите чудотворни својства ги должи на двете едноставни коренести намирници и јаболкото кое се смета за кралица меѓу овошјето. Нивните лековити својства за многумина од нас се веќе добро познати.

Јаболкото изобилува со витамините А, Б групата, Ц, Е и К, како и со минералите цинк, магнезиум, калиум, фосфор, калциум, натриум и железо.

Благодарение на високиот процент на јаглени хидрати, особено фруктоза и глукоза, јаболкото го снабдува организмот со енергија и спречува умор.

Поради високиот процент на витамин Ц и антиоксиданти, јаболкото има силно имуностимулаторно дејство. Ова овошје е многу ефикасно во борбата против вирусите, бактериите и слободните радикали, поттикнува слабеење и го стимулира празнењето на цревата.