Март е национален месец посветен на здравјето на бубрезите. Болестите на бубрезите се случуваат кога тие ја губат способноста да го отстрануваат “отпадот“ и штетните материи од организмот, а задржуваат течности и со тоа го нарушуваат балансот на телото. Бубрезите претставуваат хемиска фабрика за организмот бидејќи ги филтрираат штетните материи и извршуваат важни витални функции како контролирање на крвниот притисок и создавање на црвени крвни клетки. Но со текот на времето, бубрезите можат да се оштетат без при тоа организмот да даде било какви симптоми за да не предупреди.

Еве неколку нешта кои сите можеме да ги сториме, за да ги заштитиме бубрезите од понатамошни оштетувања:

1. Тестирајте се: разговарајте со доктор кои анализи можете да ги направите ако имате дијабетес, висок крвен притисок, ако имате над 60 години или имате фамилијарна историја на болести на бубрези.

2. Намалете го користењето на НСАИЛ: Користењето на лекови против болка како нестероидните анти-инфламаторни лекови или НСАИЛ, можат да им наштетат на бубрезите оосбено ако веќе патите од некоја бубрежна болест. Препораките се да го намалите користењето на овие лекови или никогаш да не земате доза поголема од препорачаната.

3. Намалете го внесот на купечка обработена храна: Обработената храна претставува значаен извор на натриум, нитрати и фосфати, а се поврзува со болести како рак, срцеви заболувања и болести на бубрези. Обидете се што е можно повеќе да внесувате свежа храна или доколу е потребно термички да биде обработена, тоа да го торите во рамките на својот дом под ваша контрола.

4. Вежбајте редовно: Бубрезите секогаш ќе ви бидат благодарни доколку вежбате. Редовните вежби ќе ги одржат коските, мускулите, крвните садови, срцето и бубрезите во добро здравје. Секојдневната активност од 30 минути исто така помага во контролирањето на крвниот протисок и шеќерот, што е од витално значење за здравјето на бубрезите.

5. Контролирајте го крвниот притисок и дијабетесот: Високиот крвен притисок и дијабетесот се водечките причини за болести на бубрезите. Контролирањето на крвниот притисок и одржувањето на нивото на шеќерот во крвта го намалуваат развојот на бубрежните заболувања. Доколку имате било какви проблеми со контролирањето на овие две состојби упатете се веднаш кон вашиот матичен лекар.