Димитриеска Кочоска: Власта требаше порано да реагира и да ги спроведе мерките, стабилноста на економија зависи од тоа колку ќе трае кризата во Македонија

Какви ќе бидат состојбите во економијата пред се зависи од тоа колку ќе трае кризата во Македонија, односно заразените случаи, пандемијата итн, рече во своето обраќање дополнителниот заменик министер во…

Какви ќе бидат состојбите во економијата пред се зависи од тоа колку ќе трае кризата во Македонија, односно заразените случаи, пандемијата итн, рече во своето обраќање дополнителниот заменик министер во министерството за финансии, Годрана Димитриеска Кочоска.

-Но, во исто време да не заборавиме дека Република Македонија е отворена економија, при тоа не само што зависи какво е здравјето на граѓаните, зависи многу од тоа каква е состојбата во земјите кои што Македонија работи на економски план, пред се со оние држави од кои што увезува и оние кои што извезува, вели дополнителниот заменик министер за финансии од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Димитриеска Кочоска на денешната панел дискусија Live Chat насловен „Затоа што секој живот вреди“,

Димитриеска Кочоска смета дека Владата требало да реагира побрза во однос на замрзнување на цените на производите, укажувајќи дека медиумите уште минатата недела известувале дека има покачување на цената на одредени производи. Требаше да се реагира побрзо барем по однос на одредени мерките кои што ВМРО-ДПМНЕ ги предложи, но и владата требаше да реагира на самиот почеток. Владата уште минатата недела можеше да ја прифати мерката замрзнување на цените на производите, бидејќи секојдневно слушавме дека пораснале цените на маските, истакна таа. Според Димитриеска Кочоска потребно е и прифаќање на предлог мерката замрзнување на обврските на компаниите и граѓаните кон банките бидејќи граѓаните и компаниите ќе се соочат со неможност за подмирување на своите обврски. Ние уште минатата недела дадовме предлог мерка за замрзнување на кредитите. Зошто е важно ова? Значи ќе се соочиме со моментот дека граѓаните нема да можат да ги подмират своите обврски кон банките и како компаниите. Логично беше да се побара замрзнување на обврските на банките, па дури и репрограмирање на кредитите, истакна Димитриеска Кочоска.

Но, за да го направи тоа банкарскиот сектор потребно беше некој да ги повика, да седнат да разговараат, изјави Димитриеска Кочоскa, додава таа.


Related Articles