Исплатата на субвенциите за тутун се обврска, а не милостина на Заев, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.
-Исплатата на субвенциите се пари кои што државата им ги должи на земјоделците, обврска на оваа Влада согласно закон. СДСМ преку соопштение не може да го сокрие фактот дека исплатата на субвенциите доцни веќе три недели. Додека земјоделците произведуваат и плаќаат данок, криминалната влада на Заев фрла пари на тендери и партиски вработувања. Неработата и неспособноста на оваа власт се виде и преку анализата на институтот за економски истражувања Сазадвег, заклучно со 7 април, Македонија донела одлука финансиски да интервенира во стопанството во висина од 0,2% од БДП, потенцираат од партијата.
од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека со ова Македонија е меѓу европските држави кои за помош на економијата вбризгале најмалку пари во првиот месец по прогласувањето на пандемијата. Според СДСМ треба да знае дека тутунарите не се мали деца за да им поверуваат на лагите. Тутунарите и земјоделците во целост не се задоволни од политиките на СДСМ, затоа ќе ги казнат на претстојните избори