Целата македонска јавност е сведок дека Зоран Заев е директно инволиран во случајот „Рекет“. Зоран Заев стои зад „Рекет“.Од МВР и од Јавно обвинителство бараме веднаш да се отвори случај против Зоран Заев за сторено кривично дело, прикривање и помагање во сторување кривично дело. Никаква аболиција или амнестија не смее да има, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ од МВР и Јавното обвинителство исто така бара да се започне со вештачење на телефонот на Зоран Заев.
„Зоран Заев е должен да објасни зошто молчел од 3-ти април кога го предупредил Боки 13 дека го следат обвинители и служби од странска земја до 22 април кога наводно пријавил? Очигледна е спрегата помеѓу Заев, Рускоска и обвинетите.
На овој криминален канцер ќе дојде крајот. Тој ќе се исчисти на следните избори кога ВМРО-ДПМНЕ ќе победи и кога правото и правдата ќе завладеат во Република Македонија. Заев знае дека ќе биде казнет и затоа го пцуе народот. Заев се надева дека пак ќе манипулира со невладините кои молчат на неговото фалење дека ги контролира.
Ваквиот криминоген карактер на Заев ја држи три години Македонија заробена од хибриден режим. Три години пропаст, корупција и неспособност. Казната пристигнува“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.