Ако го губите чувството за вкус или мирис, тестирајте се за коронавирус

Британската влада посочува дека аносмијата е трет симптом на заразата наречена Ковид-19. Тие препорачуваат доколку луѓето го губат чувството за вкус или мирис, веднаш да направат тест за коронавирусот. Медицинските…

Британската влада посочува дека аносмијата е трет симптом на заразата наречена Ковид-19. Тие препорачуваат доколку луѓето го губат чувството за вкус или мирис, веднаш да направат тест за коронавирусот. Медицинските експерти од Велика Британија велат дека губењето на двете сетила треба да биде знак дека е потребно тестирање, дури и ако другите два симптома се отсутни, односно пациентот нема постојана кашлица и висока температура, пренесува „Гардијан“.

Истражувањето на владината советодавна медицинска група НЕРВТАГ, покажало дека меѓу 24 и 29 март, 59 проценти од позитивните на Ковид-19 кои се пријавиле преку апликација за следење на симптомите, доживеале губење на чувството за мирис и вкус.

„Во комбинација со другите симптоми, луѓето кои доживеале губење на чувството за мирис и вкус, имаат трипати поголеми шанси да бидат заразени со коронавирус“, вели професорот Тим ​​Спектор од Кралскиот колеџ во Лондон.


Related Articles