ет економски мерки за да не стават клуч на врата на ординациите бараат матичните лекари. Во писмото до Премиерот Спасовски и министерот Филипче посочуваат дека за време на пандемијата биле на првата линија во справувањето со Ковид-19. Закажувале за брисеви и ги следеле пациентите заразени со вирусот кои биле на домашно лекување. Поради зголемените трошоци за заштитна опрема од Здружението на лекари по општа и смејна медицина очекуваат Владата барем да им помогне со доделување на ваучери за набавка на истата.
– Пандемијата влијае на целокупната егзистенција на државата, здравстено и финансиски, но влијае и врз финансиско опстојување на аммбулантите во ПЗЗ: понатамошно обезбедување на ЛЗО, обезбедување услови на безбедна работа со пациенти и секако исплата на плати за вработените. Матичните лекари нема да можат да опстанат и ќе бидат приморани да ги затворат своите ординациите, се наведува во писмото од Здружението на лекари по општа и семејна медицина.
Техничкиот Премиер изјави дека ќе бидат разгледани барањата на матичните лекари.
-Врз основа на анализите ќе се носат и одлуките, изјави Оливер Спасовски, технички Премиер.
Матичните лекари во писмото ја потсетува власта и за ветеното покачување на капитациониот бод на 90 денари.