Три родилки во Гинекологија Чаир дале погрешни податоци при епидемиолошката анкета, потврди за Телма директорот Башким Исмаили.
Родилките биле во установата во последните десетина дена. 18 лица вработени во Гинекологија Чаир се испратени во самоизолација, по одредени контакти со овие три случаи.
Директорот Исмаили информира дека сите заштитни протоколи во болницата се спроведени и апелира пациентите да даваат точни податоци на епидемиолозите за полесно надминување на кризата со Ковид-19.