Во инвалидски колички преку марш од Триумфалната порта до домот Даре Џамбаз во Кисела Вода лицата со параплегија укажаа на проблемите со кои секојдневно се соочуваат. Побараа да им се овозможи пристап до институциите и да можат самостојно со количка да се движат на улица.
-„На самава улица не можам да се качам, немам пристап за да дојдам до тротоар и да се движам по него. За да се качиш, мора некој да ти помогне. Пак мора човек да ти помогне. И да сакаш сам, не можеш“, изјави Гоце Миновски, претседател на огранотот за Параплегија во здружението Мобилност.
Дополнителен проблем за овие лица се и старите и неквалитетни колички кои им се на располагање.
-„Количките кои сега ги добиваат се и неквалитетни и со неможност да траат 60 месеци како што е предвидено во правилникот и со дизајн кој навистина не заслужува почит“, изјави Бранимир Јовановски, претседател на здружението Мобилност Македонија.
Лицата со параплегија кои поради оштетувањето на долните екстремитети зависни се од инвалидски колички или други помагала се надеваат дека надлежните институции ќе им овозможат подостоинствен живот.