Иако долго време се воделе дебати за оваа тема, сега едно истажување покажува дека смеењето го намалува нивото на стрес, па макар и да е вештачко.

Универзитетот во Канзас спровеле експерименти врз студентите задавајќи им задачи кои предизвикувале стрес и анксиозност и откриле дека оние кои се смееле биле под помал стрес од другите.

-Сакавме научно да го потврдиме ова дека смеењето е лековито, изјавила Тара Крафт раководител на истражувањето.

Студијата покажала дека било какво смеење макар и вештачко, го намалува стресот и го подобрува расположението. Смеењето е особено делотоворно кога е искрено.

Сепак, следниот пат кога ќе се нервирате за нешто само насмевнете се и полесно ќе поминете низ сите ситуации.