Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ на својот официјален фејсбук профил објави пост во кој посочуваат дека властите несериозно се справуваат со корона кризата и подигаат монтажна болница која за кратко време поради временски услови се демонтира, за потоа повторно да се најави градење на монтажен објект со 72 легла на истата локација.
– По почетокот на пандемијата на здравствените власти им текна дека треба да се подигне монтажна болница со капацитет од 130 болнички кревети до клиниката за Инфективни болести.
– Во периодот кога имаше забрана за движење, полициски час, строги мерки за карантин беа исполнети околу 20% од болничките капацитети и кон крајот на март почна расчистување на теренот за подигнување на монтажната болница. Целата политичка елита, претставници од министерството за здравство, министерството за одбрана и градот Скопје, помпезно пред камери им ја објаснија сопствената пожртвуваност на граѓаните, а кажаа за важноста на овие шатори за здравјето на граѓаните.
– Неколку дена после овие помпезности, заврна снег и шаторите паднаа.
– Некое време подоцна, во периодот кога според власта, се справивме со короната, се намалуваше бројот на заболени и се беше под контрола, министерството за здравство се пофали дека ќе се гради монтажен објект со капацитет од 72 легла на истата локација. Овој пат, не беше јасно како тоа имаме контрола, но сепак ќе градиме монтажна болница, за секој случај.
– И така сега на почеток на јуни ние имаме монтирани па размонтирани шатори, па копање, докопување и монтирана монтажна болница која може да го прими новиот бран на болни. Ама нека кислород… Во моментов кога има наплив на пациенти да се има екстра капацитет, но во Македонија има цели здравствени објекти кои може да се пренаменат, да се искористат и да се стават во функција.