Инфекциите од сезонските коронавируси не обезбедуваат заштита кај децата

Проучувајќи ги антителата кај децата хоспитализирани во Ил Де Франс (парискиот регион), француските научници заклучуваат дека инфекциите со сезонските коронавируси (настинки) не штитат од „Ковид-19“. На прашањето за постоење на…

Проучувајќи ги антителата кај децата хоспитализирани во Ил Де Франс (парискиот регион), француските научници заклучуваат дека инфекциите со сезонските коронавируси (настинки) не штитат од „Ковид-19“. На прашањето за постоење на можен вкрстен имунитет за Ковид-19, француската студија ПЕД-КОВИД во која беа опфатени 775 деца, дава негативен одговор.

Француските истражувачи му пристапија на прашањето директно од аголот на заштита дадена од претходна инфекција со сезонски коронавируси, откриени со присуство на нивни антитела. За ова, тие формирале група од 775 деца на возраст од 0 до 18 години помеѓу 1 април и 1 јуни. Во студијата се вклучени и триесет и шест млади пациенти со мултисистемски воспалителен синдром, поврзани со Кавасаки болеста. Кај оваа популација, истражувачите спроведоа потрага по антитела против САРС-КоВ-2 и против четири сезонски коронавируси.

Резултатот е следниот, кај 10 до 15 отсто од децата имаа позитивна серологија за новиот коронавирус. Главната новина на овој труд е демонстрацијата на отсуство на вкрстен имунитет помеѓу коронавирусите. Ова сугерира дека сезонските инфекции со коронавирусот не обезбедуваат заштита од новиот коронавирус, ниту пак ја олеснуваат инфекцијата. Со други зборови, САРС-КоВ-2 може да остане уште многу долго присутен меѓу нас.


Related Articles