20 годишен пациент кај кого е детектиран коронавирус, се здобил со воспаление на мозокот како компликација од вирусот. Истиот е примен и излекуван во ГОБ “8 Септември“.
Доктор Илија Здравков, специјалист по неврологија во ГОБ “8 Септември“ во изјава за медиумите посочи дека пациентот бил примен со отежнато самостојно движење, малаксан, со болки во зглобовите и температура. Во болницата ги направиле сите испитувања и откриле дека станува збор за воспаление на мозокот енцефалит. Од респираторниот тракт, коронавирусот преку крвта успеал да стигне и да го нападне мозокот, предизвикувајќи сериозна клиничка слика. Му била давана кортикоидна терапија и антибиотска терапија, а на почеток и антивирална терапија.
– Според досегашните сознанија ова е шести случај во светот, откако е започната пандемијата“, вели д-р Илија Здравков.
Во изјава за медиумите Здравков објаснува дека од респираторниот тракт, вирусот преку крвта успеал да стигне и да го нападне мозокот, предизвикувајки сериозна клиничка слика.
По двонеделно лекување пациентот е испишан од болницата.