Според последните податоци, во светот досега се регистрирани 14 529 602 лица заразени со новиот коронавирус. Од нив 606 751 лице починало, а 8 670 293 луѓе оздравеле. Еве ги најновите информации за Ковид-19 во светски рамки:

– Во Грција во изминатите 24 часа се регистрирани 24 нови случаи на Ковид-19.

– Бројот на смртни случаи во САД надмина 140 000, а во 42 од 50 држави, бројот на нови инфекцирани забрзано расте во последниве две недели. За само една недела во САД се регистрирани се 5 600 смртни случаи.

– Во последните 24 часа во Црна Гора биле потврдени 116 нови случаи на коронавирус, а две лица починале. Во Црна Гора во моментов има 1 771 активни случаи.

-Во Романија, во изминатите 24 часа се регистрирани 767 нови случаи на коронавирус, со што вкупниот број случаи достигна 37 458 од почетокот на пандемијата.

– Во Хрватска се потврдени 92 нови случаи на коронавирус и ниту еден починат. Од почетокот на епидемијата, заразени се 4 345, од кои 120 починале.

– По повеќе од еден и пол месец, во Словенија е пријавен првиот смртен случај од Ковид-19, со што вкупниот број починати изнесува 112. Од 480 тестирани во последните 24 часа се регистрирани сами 6 нови позитивни на вирусот.

– Во Русија од вчера регистрирани се 6 109 нови лица заразени со Ковид-19 и 95 починати. Тоа е најмал број на смртни случаи за еден ден од 29 јуни. Во Русија, од почетокот на пандемијата се заразени 771 546 луѓе, а починале 12 342 лица.

– Во Кина се регистрирани 16 нови случаи на вирусот. Вкупниот број заразени во Кина изнесува 83 660 лица, додека бројот на починати е 4 634.

– Во Јапонија, во последните 24 часа се регистрирани 664 нови случаи на инфекцирани со коронавирус. Нема починати.

– Мексиканското Министерство за здравство соопшти дека во текот на вчерашниот ден се регистрирани рекордни 7 615 нови случаи на коронавирус, со што вкупниот број заразени во земјата е 338 913. Властите исто така соопштија дека 578 луѓе починале во изминатите 24 часа, со што  бројот на смртни случаи од коронавирус во Мексико се искачи на 38 888.

– Индија на дневна основа постави нов рекорд од речиси 39 000 новозаразени со вирусот Ковид-19. Вкупниот број на новозаразени во изминатите 24 часа е 38.902, додека 543 починале. Во Индија, пациентите со поблаги симптоми не се сметаат за активни по десет дена дијагностицирање.