Ајдучката трева е билка која спаѓа во категоријата на најлековити растенија. Многупати се покажала како корисна во итни ситуации кога било неопходно да се спречи крвавењето или да се залечат раните.

Оваа билка делува благотворно на мускулите и ги лекува грчевите, овозможува испуштање гасови од организмот, дејствува антивоспалително и ги уништува глистите во цревата. Исто така е одлична во намалување на крвниот притисок и ги смирува дигестивните проблеми како што се надуеност, констипација и желудочни тегоби.

Најчесто се користи за сопирање на крварењето и лекување рани. На пример, можете да ставите свежо или исушено цвеќе од оваа билка на рана која крвави и да притиснете.

Ајдучката трева е одлична за чистење на кожата, особено кај лица кои имаат проблеми со масна кожа. Ставете две чаши зовриена вода врз 1 шолја сушено цвеќе од ајдучка трева, оставете да се излади, процедете и нанесете ја на кожата. Течноста ќе ја смири кожата и ќе ги намали иритациите.

Ајдучката трева може да ги олесни болните менструации. Оваа билка содржи соединение наречено танин кое помага во стеснување на крвните садови.

Најдобро е да пиете чај од ајдучка трева барем еднаш дневно. Еве како да го подготвите: 1 супена лажица сушена ајдучка трева, 1 шолја зовриена вода, парче лимон. Ставете сушена ајдучка трева во шолја зовриена вода и оставете ја да отстои 10 минути. Процедете и по сопствен вкус, додајте парче лимон или малку мед.