Скопје е на врвот со најмногу активни случаи на ковид-19 или вкупно 1363 лица, а веднаш зад него на листата е Штип со 430. Во Пехчево и во Валандово во моментов нема ниту еден активен случај на новиот коронавирус.
Со последните бројки соопштени денеска од Институтот за јавно здравје со по над двесте активни случаи се Куманово (269), Тетово (220), Струга (203) и Гостивар (282).
Во три градови има по над 100 активни случаи и тоа во Дебар (117), Кичево (108) и Свети Николе (151).
Од градовите пак со најмалку активни случаи се Делчево со 1, Македонска Каменица со 4, Неготино со 7, Кратово со 8, Берово со 4 и Крушево со 9. Во Гевгелија активни се 12 случаи од кои 7 лица се од Дојран и тројца од Богданци.
Останатите градови низ земјава се со двоцифрени броеви на активни случаи на ковид-19 од кои најмногу има во Охрид (87).
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11 128, бројката на оздравени пациенти е 6 972, на починати е 500, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3 656 лица.