Тројца вработени и петмина пациенти во Геронтолошкиот завод во Скопје се позитивни на коронавирусот.
Оваа информација ја потврди и министерот за здравство Венко Филипче, кој кажа дека оваа ЈЗУ нема да биде ставена под клуч, бидејќи лекарските тимови работеле во смени со што е избегната поголема опаснст од ширење на вирусот.
Инаку пациентите кои биле потврдени како позитивни на вирусот се повозрасни и се лекувале во установата по што сите биле префлени на лекување во Ковид центарот во болницата Козле и Инфективната Клиника во комплексот „Мајка Тереза“.