Според број на заразени лица со Ковид-19, кои пристигнале во Германија во последните четири недели, Институтот „Роберт Кох“ ја наведува и Македонија како земја најчест извор на зараза.
Во најновиот извештај на Институтот Роберт Кох (ИРК) се вели дека во последните четири недели, од 30-та до 33-та недела од оваа година, во Германија се откриени вкупно 15 952 лица заразени со коронавирус. Од тој број, користејќи го терминот „земја на веројатен извор на инфекција“, ја посочува и Македонија како извор на вирусот САРС-КоВ-2, а први се Косово како најчест извор и Турција како втор најчест извор.
Табелата прикачена на извештајот покажува дека има 9519 случаи на инфекција во Германија на нивни државјани што пристигнале во земјата, 1755 од Косово, 1134 од Турција, а трета е Хрватска од каде што пристигнале 786 лица.
РКИ забележува дека најчестите земји како извори на инфекција, освен самата Германија, се државите од Западен Балкан, Турција, Бугарија, Шпанија, Романија и Полска.
– Кога ќе се земат предвид различните возрасни групи, се забележува дека во случајот со Косово и Турција, почесто станува збор за заразени деца и постари лица, што укажува на патување со семејството, се наведува во извештајот.
Институтот Роберт Кох во извештајот посочува дека луѓето што доаѓаат во Германија од „области со ризик“ мора да бидат во 14-дневен карантин сè додека не истече рокот или додека не поднесат негативен тест за ковид-19.