Научниците работат на утврдување на редоследот по кој се појавуваат симптомите на Ковид-19 со цел спречување на неговото ширење

Симптомите на коронавирусот се треска, температура, кашлица и болки во мускулите, но и гадење и дијареја. Редоследот по кој се јавуваат се разликуваат од оној на другите респираторни вируси, посочуваат…

Симптомите на коронавирусот се треска, температура, кашлица и болки во мускулите, но и гадење и дијареја. Редоследот по кој се јавуваат се разликуваат од оној на другите респираторни вируси, посочуваат научниците.

Кога ги анализирале симптомите на ковид-19 кај 500 000 пациенти, откриле најчеста секвенца на препознатливи симптоми кои се различни од оние кај другите респираторни заболувања. Тие го споредиле редоследот на симптомите на „ковид-19“ со илјадници случаи на грип собрани од Универзитетот во Мичиген, за скоро 150 случаи на САРС во Торонто и мал број случаи на МЕРС во Кореја.

– Ковид-19 е позаразен од грипот и има тенденција да се појавува во групи. Ако можеме подобро да ја известиме јавноста за редоследот на појава на симптоми на болеста, тоа би можело да ни помогне побрзо да ги идентификуваме заразените и да ги ставиме во карантин пред да се прошири инфекцијата понатаму, велат научниците.

Откриено е дека грипот започнува со кашлица и треска. И додека МЕРС и САРС можат да започнат слично на ковид-19, кај нив долниот гастроинтестинален систем обично е првиот што е засегнат, што доведува до дијареја пред гадење и повраќање. Дури и кога биле вклучени други симптоми како што се болка во грлото, главоболка и замор, редот на четирите најверојатни почетни симптоми останал ист. Бидејќи температурата е прва, мерењето на температурата може да биде релевантен механизам за испитување.

Станува збор за студијата која целосно е објавена во списанието Frontiers in Public Health.


Related Articles