На социјалните мрежи низ светот во изминатиов период беа забележани се поголем број на фотографии и видеа на кои можеа да се забележат група млади луѓе без маски, собрани на различни забави по барови и плажи. Во овој контекст, светската здравена организација упати предупредување до младите луѓе низ светот дека нивното групирање и игнорирање на советите од здравствените институции предизвикува несовесно ширење на коронавирусот.
Едно од видеата беше снимено токму во градот Вухан каде изби пандемијата наречена Ковид-19, на 15 август годинава и беше забележана голема група на млади луѓе како се забавуваат покрај базен и не ги почитуваат мерките на одржување на растојание ниту пак носат маски. Само за потсетување градот брои 11 милиони луѓе и имаше илјадници заболени.
На 18 август шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус посочи дека вирусот сега се шири помеѓу младите на возраст од 20, 30 и 40 години.
– Сите сакаме да се вратиме на нормалното. Но мислам дека е важно да испратиме порака особено до младите и до децата дека не се имуни на вирусот, вели Марија Ван Керкхофе, епидемиолог во СЗО. Таа посочува дека се сведоци на тоа како младите луѓе сериозно се разболуваат од вирусот и завршуваат на интензивна нега. Некои од нив завршуваат и фатално.
Здравствените власти ширум светот се загрижени дека нивното несовесно однесување може да го загрози здравјето и животот на повозрасните луѓе и пациентите кои спаѓаат во ранлива категорија со хронични заболувања.