Овој вид на печурка го забавува стареењето и го зајакнува имуниот систем

Научници од Универзитетот на Пенсилванија во САД, сметаат дека печурките од видот вргањ (Boletus edulis) може да го намалат стареењето на човековиот организам, поради изобилството антиоксиданти кои овие плодови ги…

Научници од Универзитетот на Пенсилванија во САД, сметаат дека печурките од видот вргањ (Boletus edulis) може да го намалат стареењето на човековиот организам, поради изобилството антиоксиданти кои овие плодови ги содржат.

Благодарение на ерготионинот и глутатионот, како и на витаминот Д, оваа намирница може значително да го забави влијанието на стареењето врз човекот, негувајќи ја кожата и зајакнувајќи го како имуниот систем, така и процесот на регенерација на телото.

Овие аминокиселини ги содржат и зеленчуковите и овошните плодови, но во печурките нивното присуство е до 10 пати поголемо.

Основна карактеристика на вргањот е тоа што има малку калории, а е непроценлив во симнувањето на вишокот килограми. Една од најимпресивните карактеристики на вргањот е дека позитивно влијае на намлувањето на ракот на дебелото црево.


Related Articles