Проширените вени настануваат како последица на слаба циркулација и оптеретеност на крвните садови, а доколку не се лекуваат навреме, доведуваат до потешки заболувања и тромбоза. Природата нуди многу лекови кои можат да ги ублажат и спречат проширените вени.

Невенот е една од тие природни билки која се покажа како добар лек за проширени вени. Цвета во април или мај, а може да се најде во дворовите и ливадите.

Еве еден домашен рецепт како да направите маст од невен:

– Два грста невен (цветови, стебло и листови) се сечкаат на мали парчиња.

– Во соодветен сад се загрева 500 гр. свинска маст (сало), па во врелата стопена маст се додава невенот. Оставете кратко да зоврие, па садот тргнете го од оган.

– Наредниот ден загрејте ја смесата да стане течна за да може да се исцеди и да се отстранат парчињата невен.

– Подготвената маст чувајте ја во тегла или друг соодветен сад и секојдневно (неколку пати на ден) мачкајте ги заболените места.