Во последниве 24 часа Министерството за здравство информира дека се регистрирани 89 нови случаи на заболени од Ковид-19. Направени се 1 529 тестирања, а починати се седум пациенти. Позитивните случаи на коронавирусот се од: Скопје 39, Куманово 10, Дебар 1, Штип 4, Прилеп 8, Тетово 1, Струга 3, Битола 1, Охрид 4, Кавадарци 3, Гостивар 2, Струмица 1, Крива Паланка 1, Кочани 1, Македонски Брод 1, Пехчево 1, Берово 3, Валандово 1, Делчево 2 и Кичево 2.
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска регистрира 215 оздравени пациенти и тоа од Скопје 72, Штип 18, Прилеп 2, Тетово 1, Струга 4, Битола 8, Охрид 1, Кавадарци 22, Гостивар 19, Гевгелија 3, Кочани 9, Пробиштип 1, Демир Хисар 8, Македонски Брод 13, Виница 5, Делчево 1, Свети Николе 13, Кичево 12, Ресен 1 и Неготино 2.
Починати се 7 лица, тројца пациенти од Скопје (72г, 84г и 65г ), еден од Прилеп (65г), еден пациент од Тетово (62г), еден од Гостивар (74г) и еден пациент од Кичево (58г). Сите се починати во болнички услови.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа се примени осум нови пациенти. Вкупно се хоспитализирани 80 од кои 54 добиваат кислородна поддршка и ниту еден не е на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 18 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, седум позитивни деца, една мајка и едно дете суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 септември“ се примени четворица нови пациенти, вкупно се хоспитализирани 37 пациенти од кои петмина се приклучени на респираторна машина.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 15 пациенти, а во болницата во Штип – 45. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 107, позитивни и сомнителни на Ковид-19.