Светот ја надмина бројката од 37 милиони луѓе заразени со ковид-19

Во светот бројот на заразени со Ковид-19 ја надмина бројката од 37 милиони лица. Официјалната интернет страница на која секојдневно се ажурираат податоците во врска со новиот коронавирус, “Worldometer” денес…

Во светот бројот на заразени со Ковид-19 ја надмина бројката од 37 милиони лица. Официјалната интернет страница на која секојдневно се ажурираат податоците во врска со новиот коронавирус, “Worldometer” денес вели дека точниот број на инфицирани изнесува 37 226 452 луѓе, од кои 1 074 160 се починати. Бројот на оздравени лица, пак, изнесува 27 955 759.

Во моментов активни се 8 196 533 од кои 68 524 се наоѓаат во критична состојба.

Најголем број на заразени има во САД – 7,9 милиони луѓе, од кои повеќе од 218 000 починале.

Потоа следи Индија со речиси седум милиони луѓе заразени и 107 000 починати, а на трето место е Бразил со пет милиони инфицирани и речиси 150 000 смртни случаи.

Над еден милион заболени регистрирани се во Русија, каде од последици на Ковид-19 починаа повеќе од 22 000 луѓе.

Македонија се наоѓа на 86-то место пред Хрватска, Словенија, Албанија и Црна Гора. Пред нас единствено се наоѓаат Србија и Босна и Херцеговина.


Related Articles