Шилегов се скара со скопските пожарникари, им порача дека ако си заминат ќе најдат други

Градскиот татко, Петре Шилегов, по вчерашниот предупредувачки протест одржан од страна на скопските пожарникари, им порача дека доколку решат да си заминат од работните места, ќе дадат оглас и ќе…

Градскиот татко, Петре Шилегов, по вчерашниот предупредувачки протест одржан од страна на скопските пожарникари, им порача дека доколку решат да си заминат од работните места, ќе дадат оглас и ќе примат нови.

Со висок тон и на моменти со меѓусебни обвинувања и партиски етикетирања градоначалникот и пожарникарите се обидоа да најдат некакво преодно решение за да се избегнат евентуалните протести и да се намали нивното незадоволство.

Пожарникарите се пожалија дека платата од 19 000 денари е понижувачка за функцијата што ја работат и побараа во платата за октомври да биде внесен додатокот за опасност при работа, а најавија и протести секој ден.

Шилегов ги праша дали би си заминале од функцијата ако добијат понуда за 40.000 денари на друго работно место.

– Ви плаќам сè што ви следува, ви овозможувам медијација за да ги добиете парите за ризик на работно место наместо да тужите еден по еден, рече градоначалникот Шилегов.

-Ако заминете, ќе има оглас, ќе примиме нови пожарникари. Законски основ за исплата на тоа што го барате, засега нема. Треба да се смени законот во јуни 2021. Порано не може, рече Шилегов.


Related Articles