Главниот истражувач во СЗО, Сумија Сваминатхан изјави дека помалку од 10 отсто од светската популација има антитела кон коронавирусот. Според неа вакцинацијата е единствениот начин да се постигне имунитет на стадото.
Во интервјуто, објавено на Твитер профилот на организацијата, Сваминатхан истакна дека СЗО ги следи студиите што ги анализираат жариштата на инфекцијата во некои градови низ светот. Иако истражувањата покажуваат дека понекогаш речиси половина од населението во големите, густо населени градови имаат антитела кон коронавирусот, ова не ни дозволува да зборуваме за постигнување имунитет на стадо.
– СЗО ги следи овие серо-епидемиолошки студии и ако ги погледнеме заедно, ќе видиме дека помалку од 10 отсто од светската популација има антитела кон вирусот, рече Сваминатхан.
Сумија Сваминатхан инаку е доктор педијатар со специјализација за неонатологија и педијатриска пулмологија, и клинички истражувач и научник позната по нејзините истражувања за туберкулозата и ХИВ вирусот.