Во гостиварската болница се затворија ковид центрите на интерното и нервното одделение. Двете одделенија претходно беа отворени поради наплив на пациенти, но со намалување на бројките на новозаразени, се намали и бројот на пациенти на кои им е потребна хоспитализација.

Во моментов болните од коронавирус се лекуваат само на инфективното одделение во гостиварската болница, а денеска таму има само 16 пациенти. Раководителот на инфективното одделение, доктор Ратко Наумоски, посочи дека состојбата е смирена, а ако има потреба ќе се пушти во употреба и модуларната болница.

Гостивар во месец март и почетокот на април беше зафатен од силниот бран на коронавирусот, но состојбата сега е стабилна и нема голем број на пациенти кои се наоѓаат на болничко лекување.