Министерот за здравство Венко Филипче, денес во интервју посочи дека кон крајот на летото може да се постигне колективен имунитет имајќи ги предвид сите количини вакцини кои треба да пристигнат во Македонија. Министерот истакна дека сите вакцини се безбедни и нема потреба граѓаните да преферираат една наспроти друга вакцина.
Филипче додаде и дека приоритет се става на тие кои се пријавиле за вакцинација на сајтот вакцинација.мк, а според пресекот направен на 30 април, станува збор за невакцинирани 160 илјади граѓани кои во период од две недели, поточно некаде до 15 мај ќе добијат термин за вакцинација и ќе бидат вакцинирани.
Во Македонија се очекува да пристигнат уште 100 000 вакцини на 15 мај, повторно од производителот Синофарм и количината од 500 илјади вакцини од производителот Синовак која треба да пристигне до крајот на месец мај, значи се работи за една значајно голема количина која ќе се дистрибуира по два канали, рече Филипче.
Во однос на дилемата за ефикасноста на кинеската вакцина Синофарм Филипче посочи дека нема никакви дилеми