Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција за медиумите ја информираше јавноста дека денеска се очекува да пристигнат околу 40.000 вакцини преку Ковакс системот од Астра Зенека.
– Денеска се очекува да стигнат близу 40.000 вакцини преку Ковакс системот од Астра Зенека, а во текот на утрешниот ден 100.000 вакцини на Синофарм преку донацијата од Кинеската армија и веднаш ќе бидат распределни по веќе определените канали за имунизација.
– Продолжуваме да ставиме акцент на постарите граѓани дополнително пријавени после пресекот на 30 Април кога беа пријавени околу 140.000 граѓани вкупно, а сега се околу 160.000. Околу 9.000 од пријавените се над 70 години, рече Филипче.