Додека сите земји веќе говорат дали нивното население има имунитет и колкав дел од истото има имунитет, во Македонија не може да се каже дека има масовна вакцинација. Европа и регионот вакцинираат масовно веќе 6 месеци. Неспособноста на власта ги остави граѓаните без набавени вакцини и го зголеми ризикот за да се изгубат уште повеќе животи, вели Игор Николов од ВМРО-ДПМНЕ.
-Најавуваат за викендов или до крај на месецов набавка на 500 илјади кинески вакцини. А повторно се очекувала и значителна доза на Фајзер од КОВАКС механизмот. Од јануари па наваму, Филипче секој месец манипулира дека пристигнуваат нови и нови дози вакцини.
Тој не кажува, ама бројките кажуваат. Во Македонија две дози на вакцини има примено околу 10% проценти на населението, значи далеку сме од колективен имунитет. Што ќе се случеше ако се вакцинираше во Србија? До каде ќе оди оваа неспособност на власта? Македонија е на високо петто место на светската листа по број на починати на 1 милион жители. Викендов во соседна земја се вакцинираа околу 20 илјади граѓани, а кај нас само ревакцинација.
Овие граѓани имаа дополнителни трошоци по вина на неспособноста на двоецот Филипче-Заев кои не обезбедија вакцини ниту на време. За колективен имунитет тешко може да се зборува. Заради тоа ВМРО-ДПМНЕ побара трошоците за пат во соседна земја за вакцинација да бидат рефундирани од Владата, подвлекува Николов.