Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 3.239 тестирања, а регистрирани се 9 нови случаи на КОВИД-19 од: Скопје и Кичево – по 3, Битола, Штип и Дебар – по 1.
Регистрирани се 13 оздравени пациенти од: Куманово – 4, Скопје – 3, Виница – 2, Прилеп, Тетово, Штип и Кичево – по 1.
Регистрирани се 3 починати лица од: Две починати лица од Скопје (86г) и (70г) и едно починато лице од Тетово (65г).
Сите пријавени се починати во болнички услови.
Направени се 3.239 тестови преку: ИЈЗ-484, ЦЈЗ Скопје-41, ЦЈЗ Битола-63, ЦЈЗ Прилеп-24, ЦЈЗ Тетово–10, ЦЈЗ Куманово–33, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-7, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија-9, ГОБ 8-ми Септември-3, Институт за микробиологија–15, МАНУ-23, Жан Митрев (Филип Втори)-135, Авицена-438, Биотек-210, Систина-131, лабораторија Лаор-153, Синлаб-17, Ремедика-19, Плодност–44, Генеа–6, Никоб лаб-416, ВФВ Медикал-13, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 945.
Досега во земјата се направени вкупно 867.233 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.663, бројката на оздравени пациенти е 149.946, на починати е 5.484, а бројот на активни случаи изнесува 233.