Следнава недела Комисијата за заразни болести ќе решава за тоа како да се заштитиме од индискиот делта сој на коронавирусот. Делта сојот е веќе потврден во речиси 100 земји, така што светот се наоѓа во многу опасен период, предупреди светската здравствена организација. Едни од тие земји се и Грција, Црна Гора, Албанија и Хрватска кои се и најчестите туристички дестинации за македонските државјани ова лето.
СЗО побара од светските лидери да ги вложат своите напори до следната година да биде вакцинирана 70% од светската популација. Опасноста е се поголема, не само поради лесното ширење туку и поради мутации кои ќе се развиваат. За глобална имунизација потребни се 11 милијарди дози, а само два проценти од залихите беа поделени во сиромашните земји.
– Се наоѓаме во многу опасен период на пандемијата. Во земјите со мал број вакцинирани, страшни се глетките во болниците кои се преплавени со пациенти. Но ниту една земја на планетава се уште не е излезена од шумата. Делата варијантата е опасна и ќе продолжи да еволуира и да мутира, што бара постојана проценка и внимателен одговор за заштита на јавното здравје, изјави генералниот директор на СЗО.