Времето во земјава ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Утринската температура ќе се движи од 12 до 23, а максималната ќе достигне од 34 до 42 степени и ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури. УВ-индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од западен правец. Утринската температура ќе се спушти до 20, а дневната ќе достигне до 39 степени.

И во четврток ќе се задржи стабилно и многу топло време кога ќе дува засилен, повремено силен јужен ветер и ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури. Во вечерните часови, во текот на ноќта и во петок ќе има зголемување на облачноста и услови за локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а температурата ќе се намали за 3 до 5 степени.