Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 4.608 нови случаи на Ковид-19, што претставува и нов негативен рекорд за земјата по дневен број новозаразени од почетокот на пандемијата. Досега, најголем број нови случаи (4.340) имаше на 30 март годинава.
Зголемен е и бројот на пациенти приклучени на апарати на Одделите за интензивна нега во болниците, вкупно 326, седум повеќе од вчера, а за 9,74 отсто се зголемил бројот на пациенти примени во болниците.
Во изминатото деноноќие починаа 32 лица, со што бројот на починати од Ковид-19 се зголеми на 13.466 лица. Паралелно, направен е и голем број тестови, вкупно 121.881, од кои 98.014 се рапид, а останатите ПЦР.
Од новите случаи, 27 се увезени, 1.096 се во областа Атика, поширокиот дел на Атина, 402 во Солун и 344 на Крит.