Пандемијата со коронавирусот ќе заврши следната пролет, тврди претседателот на Здружението на лекари во Германија, Андреас Гасен. Според него, оние кои не се вакцинирани, голема е веројатноста во наредните месеци да бидат заразени со Kовид-19.
Тој вели дека неговата прогноза се потпира на фактот дека стапката на вакцинација ќе се зголеми, како и дека бројот на излекувани лица со антитела ќе биде многу поголем.
– Пролетта во 2022 година ќе биде означен крај на пандемијата со коронавирусот, а тогаш животот повторно ќе се нормализира. Оние кои не се вакцинирани, голема е веројатноста во наредните месеци да бидат заразени со Koвид-19, рече Гасен. Со неговите предвидувања се согласуваат и други познати научници од Германија.