Киселите краставички содржат голема количина вода, протеини, многу малку маснотии и диетални влакна. Покрај тоа, тие се богат извор на минерали, вклучувајќи калиум, натриум и фосфор. Тие исто така содржат витамини како што се витамините Ц, А, Б6, Б12, рибофлавин, ниацин и тиамин. Еве неколку причини поради кои тие се одлични во зачувување на здравјето на целиот организам:
Моќен антиоксиданс: Го штитат телото од слободните радикали, нестабилни хемикалии кои ги оштетуваат клетките во нашето тело.
Одличен пробиотик: Го балансираат варењето и го забрзуваат создавањето добри бактерии кои се клучен дел од нашето здраво варење.
Го штитат црниот дроб: Покрај тоа што го подобруваат варењето, киселите краставички го штитат и црниот дроб и му помагаат да ги филтрира токсините од телото.
Спречуваат формирање на чир на желудник: Чирот е внатрешна рана на стомакот, односно оштетување на мембраната предизвикана од киселини. Со своите својства киселите краставички го штитат стомакот и спречуваат формирање на ваква штетна рана.
Помагаат при дијабетес: Истражувањата покажаа дека киселите краставички го стабилизираат количеството на хемоглобин – протеин во црвените крвни клетки кој носи кислород. Киселоста на краставицата помага да се контролира дијабетесот.