Црвениот кромид необработен има многу лековити својства и токму затоа се препорачува како додаток на трпезата речиси на секој ручек. Поради фактот што е богат со витамини и минерали, црвениот кромид го зајакнува целиот организам, а со тоа го намалува ризикот од многу болести.
Има многу корисен ефект врз срцето, заштитувајќи го од болести, го контролира високиот крвен притисок и отвора блокирани артерии. Се покажа дека овој зеленчук има позитивен ефект врз луѓето со висок холестерол. Ако се јаде редовно, може да го регулира нивото на маснотии во крвта.
Црвениот кромид исто така го контролира дијабетесот, лечи запек, помага при воспаленија на грлото, а го запира и растењето на клетките на ракот.
Кога сечеме кромид ни течат солзи, а причината се сулфурните масла и органските сулфиди кои влегуваат и во ноздрите. Овие масла ни помагаат во лекувањето на анемијата.