На 25-годишниот Андреј Илиевски, на кого му е дијагностициран тумор на мозокот и кој беше на третман во Универзитетската клиника Коч во Истанбул му е потребна помош за повторно да замине во Истанбул за да го продолжи лекувањето.

На мојот 25-годишен син Андреј Илиевски на кој му беше дијагностициран тумор на мозок,замина во Универзитетската клиника Коч, Истанбул, Р. Турција на 24.08.2021 год. со Вашите собрани средства од мобилните оператори Телеком и А1,како и хуманитарната с-ка во Комерцијална банка.

Лекувањето продолжува и овој пат се потребни 24.000 евра, кои фамилијата без Вашата помош не може да ги собере.

Андреј повторно заминува во Универзитетската клиника Коч, Истанбул, Р. Турција на 07.11.2021 год., затоа повторно ни е потребна Вашата помош апелира неговата мајка, Светлана преку социјалните мрежи.