Според податоците кои ги објави Еуростат во однос на земји со најголем ризик од сиромаштија, во регионот на Западен Балкан Албанија е најзагрозена од сите држави кои се земени в предвид. Имено во Албанија над 50 отсто од населението било изложени на ризик од сиромаштија или социјална исклученост, се вели во податоците на Еуростат за 2020 година.
По Албанија со стапка од 51 процент и Црна Гора (околу 40 отсто), следат Турција (38) и Македонија (околу 35 проценти) како земји во најголем ризик од сиромаштија. Според Еуростат, просечниот ризик од сиромаштија и социјална исклученост, е 21,9 отсто, што се однесува на 96,5 милиони луѓе.
Под ризик од сиромаштија се подразбираат домаќинства кои се соочуваат со тешка материјална и социјална ранливост, не можат да си дозволат одредени материјални работи или социјални активности или имаат многу низок интензитет на работа, ниво на образование и друго.