Есенските и зимските месеци во годината се вистинско време кога треба да поработиме на нашето здравје и имунитет. Природните лекови се едни од најлесно достапните извори на витамини, минерали, а истовремено не штитат од многубројни заболувања и воспаленија. Токму затоа ви презентираме неколку зачини кои може да се најдат скоро во секое домаќинство, а имаат бројни придобивки во заштитата на целокупното здравје на организмот.

1. Кари: Зачинот кари е составен од ким, мускатно оревче, каранфилче, цимет, кардамон, куркума, црн и црвен пипер, ловор, ѓумбир…. Што се однесува до бенефитите кои ги носи користењето на овој зачин, познат е по благотворното дејство на целокупниот имунолошки систем, ја подобрува циркулацијата, штити од срцеви болести, има анти бактериско дејство, ублажува болка, го подобрува варењето на храната и се смета за одличен борец против слободните радикали.

Особено е добар во заштита на мозочните ќелии. Се смета дека помага во борбата против ракот и Алцхајмеровата болест. Истражувањата покажеле дека во Индија која се смета за земја каде најмногу се консумира овој зачин, многу е помал бројот на луѓе заболени од овие болести.

 2. Мајчина душичка: Само една лажичка од оваа билка содржи повеќе од 20 проценти од вашите дневни потреби за железо. Се меша со печено месо и зеленчук, доматно пире (сос од домати) и кајгана. Мајчината душичка има остар вкус и поднесува долготрајно готвење, па затоа е одлична за различни варива, супи и манџи.

3. Оригано: Ни една пица не може да помине без оригано. Најчесто се користи за подготвување на специјалитети од италијанската кујна, тестенини, но се употребува и во вегетеријанските манџи од зеленчук. Ориганото е добро за настинка, главоболка и забоболка, но и делува како најдобриот природен антисептик и антибиотик.

4. Рузмарин: Старите записи говорат за тоа дека рузмаринот била омилената билка на античките и римските богови, но и доста застапена во народната медицина. Овој медитерански зачин одлично влијае на дигестивниот систем со тоа што ја ублажува надуеноста и ги смирува цревата и желудникот. Освен тоа, рузмаринот ја подобрува циркулацијата, ја чисти крвта и делува против нискиот притисок. Се користи во оброци со риба, гулаш и јагнешко месо.

5. Жалфија: Затоа што е полна со етерично масло, жалфијата се користи во мали дози и исклучиво се користи нејзиниот лист. Овој зачин со горчлив вкус најдобро е да се употребува во комбинација со свинско месо и риба. Ако имате проблеми со памтењето, жалфијата е вашиот зачин. Освен што има антисептичко дејство и ја зајакнува слузокожата на устата и грлото, се вели дека жалфијата ја подобрува и меморијата.

6. Цимет: Затоа што има сладок вкус, овој зачин најчесто се употребува во слатките јадења, питите и колачите, со печеното овошје и сл. Циметот се користи и во солените месни деликатеси, најчесто при подготвување на дивеч. Што се однесува на здравствените бенефиции од циметот – познато е дека штити од дијабет и срцеви болести, но и дека го регулира крвниот притисок.