Филипче: Дополнителна мерка, во смисла на задолжителна вакцинација не е исклучена

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека генерално карантинизирање, во смисла на рестрикција на движење, сега во ситуација кога имаме близу 50 проценти опфат на вакцинација, не би требало…

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека генерално карантинизирање, во смисла на рестрикција на движење, сега во ситуација кога имаме близу 50 проценти опфат на вакцинација, не би требало да е опција, но не знаеме што може да се случи. Тој посочи дека е важно вакцинацијата да се зголеми преку апели и преку мерката со матичните лекари. Добро е, рече Филипче, апели да и има и од големите компании кон нивните вработени.

На прашањето која е веројатноста да се зголеми процентот на вакцинација со овие мерки и апели, односно да се промени мислењето кај оние граѓани кои не сакаат да се вакцинираат, министерот вели дека засега оставаат на времето.

– Ќе оставиме некое време да видиме дали ќе помогне комуникацијата и апелите на матичните лекари. Апсолутно мислам дека дополнителна мерка, во смисла на некаква форма оваа вакцина да биде задолжителна согласно искуствата и примерите од другите земји кои ќе ги даваат во периодот пред нас, не е исклучена. Додека сето тоа се осмисли, да се види и провери како овие мерки ќе имаат резултат, остануваме со овие мерки, посочи Филипче.

Министерот, појасни дека се уште е рано за ваква мерка кај нас.


Related Articles