Тетово досега има регистрирано вкупно 554 смртни случаи од Ковид-19

Тетово регистрираше вкупно 554 смртни случаи како резултат на последици предизвикани од Ковид-19. Во ковид – центарот на тетовската клиничка болница за изминатите 24 часа има еден починат пациент меѓу…

Тетово регистрираше вкупно 554 смртни случаи како резултат на последици предизвикани од Ковид-19. Во ковид – центарот на тетовската клиничка болница за изминатите 24 часа има еден починат пациент меѓу хоспитализираните. Станува збор за маж на возраст од 58 години кој бил примен во тетовската болница со позитивен тест на Ковид-19.

– Починат е маж, роден 1964 година, со место на живеење во Челопек. Како позитивен на Ковид-19 бил хоспитализиран на 23 јануари, а починат е на 26 јануари, информира д-р Хасан Илјази од Клиничката болница во Тетово.

До седум часот изутрината во ковид – центарот има седум хоспитализирани и сите се на кислородна поддршка. За 24 часа имало 65 прегледи и контроли во амбулантата.


Related Articles