Во периодот од 28.11 до 04.12.2022, во Република Македонија се пријавени 58 случаи (3,2/100.000 жители) на групни пријави за заболени од грип/ заболувања слични на грип, соодветно за овој период од сезоната, со зголемување за 3,2 пати во споредба со минатата недела (18), намалено во однос и на минатата сезона и просекот, се вели во извештајот на Институтот за јавно здравје.

Заболените лица се регистрирани во Тетово – 28, Гостивар – 13, Кавадарци, Прилеп, Македонски Брод и Струмица – по 4 и Куманово – 1.

Во однос на возраста, забележани се заболени во сите возрасни групи. Возрасната група 15-64 години бележи најголем број на заболени лица – 35, а највисока инциденца е регистрирана кај возрасната група од 5-14 години (6,5/100.000 жители).

Во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ РМ, 320 материјали од кои 22 од сентинел САРИ надзорот беа паралелно тестирани за грип и COVID-19. Од тестираните материјали, два се позитивни – Influenza A несубтипизиран и Influenza A(H3N2). Oд САРИ примероците, 11 се тестирани за респираторен синцицијален вирус, од кои 6 се позитивни. Кај 2 примероци е детектирано присуство на Adeno virus.

Кумулативно од 40-48 недела, пријавени се вкупно 202 случаи (11,0/100.000 жители).

Најголем број се пријавени во Тетово (84) и Гостивар (65). Во однос на возраста, најголем број е пријавен кај најголемата возрасна група од 15-64 години – 136 заболени лица а највисока инциденца е регистрирана кај возрасната група од 0-4 години (21,8/100.000 жители).

Кумулативно, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ РСМ, досега се тестирани 2.570 материјали од кои 7 се со позитивен резултат – 4 Influenza A(H3), 1 Influenza A(H3N2), 1 Influenza A несубтипизиран и еден Influenza B.