Кина пријави големо зголемување на хоспитализации поради Ковид-19 на 15 јануари, што е најголем број од почетокот на пандемијата, се вели во неделниот извештај објавен од Светската здравствена организација (СЗО).
СЗО, исто така, посочи дека чека детални провинциски податоци за речиси 60.000 дополнителни болнички смртни случаи поврзани со Ковид-19 минатата недела, кои не се вклучени во бројката, објави странските медиуми.
Бројот на лица хоспитализирани во Кина се зголеми за 70 отсто на 63.307 во однос на претходната недела, според извештајот на СЗО заснован на податоците обезбедени од Пекинг. Ова е најголем број хоспитализации за една недела што Кина го пријави откако Ковид-19 прв пат се појави пред повеќе од три години.
На почетокот на декември, Пекинг го укина својот строг тригодишен антивирусен режим на чести тестирања, забрани за патување и масовни затвори по големите протести што избија кон крајот на ноември, а случаите оттогаш се зголемија низ целата земја, соопшти агенцијата.