Треба да направиме вистински и коренити промени во здравствениот систем во Македонија. Иселување и реформите се два клучни збора кои се испреплетени и ние младите лекари тоа најмногу го забележуваме, затоа што е алармантно заминувањето од Македонија. Нема мотивација, нема поттикнување од државата, изјави д-р. Александра Николовска, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, на веќе одржаната трибина на тема „Здравство“ во рамки на акцијата „Пораки од реалниот живот – Ова е Македонија за сите“.
– Кога го завршуваме факултетот, немаме точна насока кон која треба да се определиме и тоа претставува проблем. Треба поголем поттик и поголема мотивација од страна на државата да се опфатат дефицитарни области како што се на пример семејна медицина, анестезиологија и така натаму, рече Николовска.
Таа посочи дека во однос на образовниот процес, се учи од постари книги со застарена форма, а на други места како на пример во Виена веќе се сте стигнати да вежбаат со виртуелна реалност.
– Исто така би напоменала дека млад медицински студент се уште чека на редици со часови за запишување на нов семестар, а во Виена веќе со вештачка интелигенција се обидуваат да изведат некои операции. Според ова не би рекла дека во блиска иднина би била до современо и модерно здравство. Мојот мотив беше желбата за медицина иако знам дека е тежок, не е важно дали ќе бидеме во приватна или државна институција целта е да спасиме повеќе човечки животи, изјави Николовска.
Николовска вели дека потребни се многу промени, потребен е позитивен аспект кон ситуацијата и да се види што може повеќе да направи и промени во здравството.
– Мојот личен став е дека подобар дел од буџетот треба да се искористи кон здравството со цел да се набават посовремени апаратури, како за дијагностика, така за третман и инфраструктура. Потребна е и летна и зимска пракса за студентите, за да може да работи младиот лекар поради долгите студии, така повеќе ќе може да се научи, но и да работи младиот лекар, а не да оди во Хрватска преку лето да работи како келнер, потенцираше Николовска.