Во владиното соопштение се наведува дека целата живина ќе биде уништена, пренесоа британските медиуми.

Владата на Обединетото Кралство соопшти дека е потврден сој од вирусот на птичји грип Х5Н5 во живинарска фарма во Јоркшир, Англија.

Во владиното соопштение се наведува дека целата живина ќе биде уништена, пренесоа британските медиуми.

Оттаму, исто така, посочија дека ќе се формира заштитна зона во радиус од три километри и зона за надзор во радиус од десет километри од фармата каде што се наоѓа заразената живина.